Силекс и Арсими ќе го отворат 15. коло од фудбалскиот шампионат, во дуел кој привлекува големо внимание. Екипата од гостиварско Чегране патува во Кратово мотивирана и со јасна цел, да освои позитивен резултат и да ја продолжи својата позитивна форма.
Стоперот на Арсими, интернационалецот од Босна и Херцеговина, Амир Дрљевиќ, е задоволен од атмосферата во екипата и подготвен за предизвикот што следува.
„По важната победа против Шкендија, нашиот тим ја доби потребната самодоверба и ритам. Атмосферата е многу позитивна и сите сме максимално мотивирани. Во Кратово одиме со јасна цел, да забележиме позитивен резултат и да покажеме дека нашата добра форма не е случајна. Го почитуваме Силекс како противник, особено на нивни терен, но веруваме во себе и во работата што ја направивме во текот на неделата. Ќе дадеме се од себе на теренот за да ги задоволиме нашите навивачи и да продолжиме кон сезонските цели”, изјави Дрљевиќ.
Натпреварот меѓу Силекс и Арсими ќе се одигра денеска во Кратово, со почеток од 13:00 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Гаљардо е нов селектор на Еквадор
Евро-фудбал
Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Трабзонспор?
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













