Connect with us

Лапорта: Мислев дека Меси ќе остане да игра бесплатно за Барселона

Барсeлона летово остана без аргентинската ѕвезда Лионел Меси, кој замина во ПСЖ по две децении поминати на „Камп Ноу“. Претседателот Хоан Лапорта вели дека се понадевал дека Меси ќе остане да игра бесплатно за каталонскиот клуб.


„Не сум лут на него бидејќи го сакам премногу. Секако дека сум разочаран што тој си замина, тој исто така е разочаран. Но, немавме простор за маневрирање, а мојата филозофија е дека никој не е поголем од клубот , дури ни Меси. Ако сакаме да го одржуваме клубот стабилен и да ги почитуваме границите на платата, тогаш не би можеле да му понудиме нов договор. Се надевав дека ќе остане и ќе игра бесплатно, но тоа не може да се очекува од него, особено бидејќи имаше толку голема понуда од ПСЖ. Се обидовме да се договориме, но не можевме да му понудиме задоволителен договор. Тој е најголемиот играч во историјата на овој клуб”, рече Лапорта.

Шпанските медиуми со недели го менуваат Роналдо Куман, чиј тим игра под нивото на Барселона. Но, претседателот нема намера да го смени.

„Тој останува. Кога работите не одат како што очекувате, тогаш сите се разочарани. Но, разговарав малку со луѓето и заклучив дека треба да му се верува. Мислам дека секој треба да го стори тоа, како што беше случајот со Рајкард. Роналд е голем навивач на Барса, го обожува овој клуб и дојде кога клубот беше во страшна финансиска ситуација. Имам посебен респект за тоа, разговаравме, ми рече дека верува во овој тим и дека ќе биде подобро кога ќе се вратат сите повредени играчи. Мислам дека е фер да го оставам да работи и среќен сум што така одлучив“, истакна претседателот на Барселона.

Излезот од лошата ситуација Барселона ќе го бара во продажбата на името на стадионот. Култниот „Камп Ноу“ ќе добие ново спонзорско име.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови