Connect with us

Ла Лига го одложи гостувањето на Атлетик Билбао на “Сантијаго Бернабеу”

Ла Лига официјално одлучи да го одложи натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Атлетик Билбао, кој првично требаше да се одигра веднаш по репрезентативната пауза. Познато, Милитао, Валверде и Винисиус ќе играат за своите земји на 15 октомври, само еден ден пред натпреварот во Ла Лига.

“Барањето за одложување на натпреварот е како резулат на одлуката на ФИФА да ги продолжи репрезентативните обврски на Конмебол до утрото, петок 15 октомври, што влијае, меѓу другите, на наведените клубови кои мора да ги играат нивните натпревари во Лигата на шампионите во вторник, 19 октомври”, се вели во официјалното соопштение на Ла Лига.

Засега, не е одреден нов датум за посетата на Билбао на “Сантијаго Бернабеу”, така што шпанската лига ќе мора да најде датум што ќе им одговара на двата тима. Ова значи дека следниот натпревар на Реал Мадрид ќе се одигра на 19 октомври против Шахтјор Доњецк во Украина, што воедно ќе биде и последен натпревар на тимот пред големото “Ел Класико” против Барселона.

Advertisement

Facebook

Тимови