
Шпанската фудбалска Ла Лига постигна договор за продажба на своите телевизиски права за емитување на „Movistar“ и „DAZN“ за сума од 4.95 милијарди евра во следните пет години, објави раководството на натпреварувањето.
Станува збор за рекорден договор за елитната лига во шпанскиот фудбал. Претходниот тригодишен договор потпишан во 2018 година со „Telefonica“ изнесуваше 2.9 милијарди евра.
Правата ќе бидат рамномерно поделени меѓу ТВ-операторите и over-the-top (OTT) услугите за видеостриминг. Секој од нив ќе има право неделно да емитува по пет натпревари од шпанското првенство, со исклучок на три недели во сезоната кога „Movistar“ ќе ги има ексклузивните права за емитување.
Ла Лига е прва од петте најсилни европски фудбалски лиги, која за продажба на телевизиските права постигна повисок договор од претходните.
Германската Бундеслига, италијанската Серија А и француската Лига 1 забележаа пад на приходите во своите најнови ТВ договори, додека англиската Премиер – лига го промени својот пакет под исти финансиски услови за следните три години.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го доведе Оли Воткинс

Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по Луис Дијаз од Ливерпул

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан
