Лос Анџелес Галакси стана шампион во МЛС – лигата, првпат по десет години, откако во финалето на плејофот го совлада тимот на Њујорк Ред Булс со 2-1. Натпреварот се одигра на „Дигнити Хелт Спортс Парк“ во Карсон и понуди возбудливи први 30 минути, во кои беа постигнати сите три гола.
Јозеф Пентсил го отвори резултатот по само девет минути игра, а четири минути подоцна српскиот напаѓач Дејан Јовељиќ ја зголеми предноста на Галакси (2-0). Њујорк возврати преку Син Нелис во 28. минута, поставувајќи го конечниот резултат 2-1.
Во продолжение од натпреварот, ЛА Галакси успеа да ја задржи својата предност и го освои шампионскиот трофеј по шести пат во својата историја.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













