Маркетингот и финансиската стабилност на Пари Сен Жермен претрпеа сериозен удар по заминувањето на Килијан Мбапе. Во изминатите години, клубот беше симбол на луксуз и амбиции, откако ги привлече светските ѕвезди како Нејмар и Меси, но сега изгледа дека неговиот имиџ е сериозно нарушен.
Од 2011 година, кога ПСЖ беше купен од катарските сопственици и почна да ги собира најголемите имиња во светот на фудбалот, клубот ја доживеа својата златна ера. Денес, сепак, ситуацијата изгледа поинаку.
Според податоците на „Л’Екип“, комерцијалните приходи на клубот бележат значителен пад. Еден од главните фактори е заминувањето на Мбапе, кој беше клучен дел од маркетинг стратегијата на клубот. По неговото повлекување, како и по заминувањата на Нејмар и Меси, ПСЖ се соочува со тешкотии во одржувањето на високите приходи од продажбата на клупски артикли.
Фан-шопот на клубот, која некогаш генерираше по 100.000 евра дневно, сега остварува само 10.000 евра дневно – дури десетпати помалку. Дури и на стадионот, интересот на публиката е намален, при што ПСЖ има 8.000 гледачи помалку по натпревар во споредба со минатата сезона.
Социјалните мрежи исто така не покажуваат добри резултати за клубот. Бројот на следбеници на Инстаграм е намален за дури 7 милиони, а само од почетокот на годината се изгубени 200.000 следбеници.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Калјари ја победи Аталанта во Бергамо
Втора лига
Втора лига: Македонија ЃП подобра од Камјани
Евро-фудбал
Барса му нуди нов договор на Рафиња
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













