
Пари Сен Жермен оствари историска победа од 7-0 против Брест во плејофот на Лигата на шампионите, што е најголемиот триумф на клубот во европските клупски натпреварувања. Еден од клучните играчи на натпреварот, Квича Кварацкелија, изрази задоволство од настапот на тимот и ги истакна амбициите на ПСЖ за освојување на трофејот.
„Докажавме дека можеме да победуваме. Во секој натпревар влегуваме со желба за триумф. Да се постигнат седум гола против Брест е големо достигнување. Покажуваме дека сè е возможно. Нашата цел е титулата во Лигата на шампионите, и ќе направиме сè за да го освоиме најголемиот трофеј во историјата на клубот“, изјави Кварацкелија по натпреварот.
Ова е најубедливата победа на ПСЖ во Европа, надминувајќи ги претходните рекорди – 7-1 против Гент во Интертото купот (2001) и Селтик во Лигата на шампионите (2017). Најголемиот триумф во сите натпреварувања останува победата од 10-0 против Кот Шо во Купот на Франција во 1994 година.
Со овој доминантен настап, ПСЖ испрати силна порака и ги потврди своите амбиции за освојување на најпрестижниот европски клупски трофеј.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
