Грузискиот интернационалец Квича Кварацкелија е на прагот на нов договор со својот италијански клуб Наполи. 23-годишниот фудбалер ќе има клучна улога во тимот од Неапол по позајмицата на Виктор Осимен во турски Галатасарај.
Агентот на Кварацкелија и претставниците на Наполи ги договориле личните услови за Грузиецот да го продолжи актуелниот договор со значително зголемување на неговата плата, тврди италијанскиот весник „Ил Матино“.
Квича Кварацкелија пристигна во Наполи од грузискиот тим Динамо Батуми во летото 2022 година за 13,3 милиони евра, потпишувајќи за 1,5 милиони по сезона. Фудбалерот постигна 26 гола и 27 асистенции на 92 натпревари за италијанскиот тим во сите натпреварувања.
Новиот договор се очекува да му донесе 5,5 милиони евра по сезона, плус дополнителни 1,5 милиони евра годишно во бонуси.
Неговиот актуелен договор истекува во 2027 година, но ќе биде продолжен до јуни 2029 година, со опција за уште една сезона. Тој нема да има вклучена клаузула за ослободување, и покрај обидите на неговиот агент да го оствари тоа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва
Евро-фудбал
Модриќ: Милан мора да победува ривали како Пиза













