
Шкендија, Силекс и Ренова пред нов предизвик во желбата за продолжување на европското лето. Силекс и Ренова, против Дрита од Гњилане односно сплитски Хајдук, на домашен терен ќе ја бараат можноста за пласман во 3. квалификациско коло од Лигата на Европа, додека Шкендија гостува на Ботошани во Романија.
Шефот на стручниот штаб, Ернест Ѓока пред натпреварот вели дека Шкендија единствено размислува само на триумф против Ботошани и пласман во следното коло.
„Ботошани е одличен тим, ги анализиравме добро нивните добри и лоши страни и веруваме дека ќе успееме да се наметнеме на утрешниот меч. Дојдовме да победиме, знаеме дека оваа сезона во Европа се игра по еден натпревар, се е поинаку и тимот е подготвен да одигра на таков начин. Верувам дека ќе биде квалитетен меч, затоа што и Ботошани и Шкендија ги карактеризира допадлив и технички дотеран фудбал“ – вели Ернест Ѓока.
Во таборот на Ренова, пак, сметаат ако беше елиминиран ерменски Алашкерт среде Ереван, тогаш зошто да не се елиминира и Хајдук во Скопје.
„Хајдук е фаворит. Не треба многу зборови да се трошат за нивниот квалитет. За нас е многу важно психолошки да бидеме подготвени. Велам дека подготвени ќе го дочекаме мечот. Ние се подготвивме максимално, но ќе повторам дека најважен ќе биде психолошкиот аспект. Нашиот стил е напаѓачки и затоа очекувам и утре да прикажеме убав офанзивен фудбал, па на крајот нека победи подобриот. Нашата предност е што сме дисциплиниран тим и со добра игра ќе се обидеме да го изненадиме големиот фаворит“ – вели стратегот Бујар Ислами.
Кратовски Силекс ја носи фаворитската улога против Дрита од Гњилане во 2. квалификациско коло во Лигата на Европа.
Свесни се во таборот на македонскиот прволигаш дека имаат одлична шанса вечерва од 20 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје да се изборат за место во следната рунда европски натпревари.
„Не очекува тежок натпревар. Колку немавме среќа со Карабах во ЛШ, толку сега ни се насмевна среќата бидејќи извлековме тим со кој можеме да играме. „Тодор Проески“ и за нас е гостински терен бидејќи ние играме во Кратово. Очекувам неизвесен натпревар кој може да трае повеќе од 90 минути. Моето прво правило е да дадеме максимум, па потоа нека победи подобриот“ – вели Симов.
ЛИГА ЕВРОПА (2. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО)
15:30 ч: РЕНОВА – Хајдук (Хрв)
17:45 ч: Ботошани (Ром) – ШКЕНДИЈА
20 ч: СИЛЕКС – Дрита (Кос)

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Сонот на Меси, страста на Мароко и демократијата на Катар
Светското првенство функционира секогаш и секаде. Нема ништо слично, тоа е најразновидниот настан во...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Играат добро, ама бадијала – ако не победуваат!
Каде бевте? На натпревар. Што направивте? Игравме добро. Не, не, што направивте? Резултат…Загубивме. Ама,...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Илчо Ѓорѓиоски ќе биде нов тренер на Каламата

Евро-фудбал
Бенасер го пропушта дербито со Интер

Евро-фудбал
Квартет на Челси се враќа во ритам

Евро-фудбал
Мејсон Гринвуд ослободен од сите обвиненија

Интернационалци
Лука Војнески потпиша за Опатија

Втора лига
Гостивар ремизираше со Викторија Берлин

Интернационалци
Илчо Ѓорѓиоски ќе биде нов тренер на Каламата

Евро-фудбал
Бенасер го пропушта дербито со Интер

Евро-фудбал
Лајпциг во четвртфиналето на Купот (ВИДЕО)
