Малку недостигаше Тибо Куртоа да биде херој на Реал во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. На гостувањето против ПСЖ му одбрани пенал на Лионел Меси, но, сепак, капитулираше во четвртата минута од продолжението кога беше совладан од Килијан Мбапе.
„Во вакви натпревари, како голман, треба да се потрудиш малку повеќе. Ги проучував пеналите на Меси и се обидов да играм со него на линијата додека се подготвуваше да го изведе ударот. Потребна ви е и доза на среќа“, изјави белгискиот голман.
Сепак, Куртоа не може да го сокрие разочарувањето од голот на Мбапе за минимален пораз од 1-0.
„Ја загубивме топката на глупав начин, Мбапе заобиколи двајца наши играчи и ја турна топката под мене. Тоа е тешко да се прифати, но мора да се признае дека не одигравме добро. Нашиот план за следниот натпревар останува ист – мора да победиме за да продолжиме понатаму. Со нашите навивачи како поддршка, верувам дека ќе го оствариме тоа“, изјави Куртоа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













