Македонскиот првак Шкупи ја елиминира Беласица (1-3) и се пласира во осминафиналето на Купот на Македонија. Дилемите ги разрешија Фреди Алварез и Сандеј Адетунџи на почетокот на второто полувреме. Најубедлив беше тимот на Академија Пандев кој славеше со 0-6 на гости против Тетекс, а Вардар со 0-3 ја победи Каменица Саса. Христов, Десниќ и Жоглев беа стрелци за „црвено-црните“.
Најмногу голови имаше на дуелот Фортуна – Борец 5-3, а Шкендија со 0-3 го победи Караорман. Со ист резултат и Брегалница победи против Слога Виница, додека Тиквеш со 0-2 триумфираше против Кожуф со Гевгелија.
Во возбудливиот дуел меѓу Гостивар и Пелистер победија гостите со 0-1. Струга трим Лум со головите на Абдулхади Јахја и Миклован Пере го победи Вардар Неготино на гости со 1-2.
Работнички го победи Коњари со 0-5. Рушевиќ постигна хет-трик, серијата ја отвори Тодоровски, а ја затвори Марио Станковски.
Место во осминафиналето во Купот на Македонија веќе обезбедија финалистите од минатата година Македонија ЃП и Силекс, како и Љуботен, Скопје и Воска Спорт.
1/16-ФИНАЛЕ, КУП НА МАКЕДОНИЈА
Беласица – Шкупи 0-3
Тетекс – Академија Пандев 0-6
Гостивар – Пелистер 0-1
Kараорман – Шкендија 0-3
Слога Виница – Брегалница 0-3
Кожуф – Тиквеш 0-2
Вардар Неготино – Струга ТЛ 1-2
Саса Каменица – Вардар 0-3
Коњаре – Работнички 0-5
Фортуна – Борец 5-3
Карбинци – Победа 0-6
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski