
На Холанѓаните не им оди со Барселона. Роналд Куман е еден од најлошите тренери на каталонскиот клуб во 21. век. Полоши од него, барем според ефектот, беа само уште неговите сонародници, Луј ван Гал (2002) и Франк Рајкард (2003 година).
Куман со ремито против Валенсија (2-2) стигна само до 21 освоен бод, а помалку во овој век по 13 одиграни кола освоиле само Ван Гал и Рајкард. Дури ниту Кике Сетиен, кој толку многу беше критикуван, не испушти толку многу бодови додека беше на кормилото на каталонскиот тим. Ако се спореди Ернесто Валверде, разликата е огромна во корист на Валверде.
Оваа есен тимот на Куман загуби од Реал Мадрид и од Атлетико Мадрид, доби шлаканица од Јувентус и го загуби првото место во групата во ЛШ, исто така загуби од Хетафе, Кадиз, а не успеа да го победи ниту Алавес со играч повеќе. Последното реми со Валенсија е само знак дека во Барселона нешто не е в ред.
Но, Куман не може ниту да биде сменет во овој момент. Вршителот на должноста претседател, карлес Тускетс, потенцираше дека тој нема такви надлежности.
„Немам такви надлежности, дури и да сакам да го сменам Куман. Но, не знам дали вистинските причини се во тренерот. Тој има свои критериуми, откри некои млади играчи и добро е што ги форсира. Што се однесува до резултатите, од Барселона секогаш се очекува да биде на врвот“, изјави Тускетс.
Изборите за нов претседател во Барселона се закажани за 24.јануари, а главни кандидати се Хоан Лапорта и Виктор Фонт. И двајцата најавуваат дека Чави е тренерската иднина на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда
