Connect with us

Куман ја најави разделбата со Барселона

Барселона е во голема финансиска криза, а тоа се ефектуира и на резултатите на тимот оваа сезона. Со заминувањето на Лео Меси, Барса е значително ослабена во новата сезона, а сето тоа се урива на грбот на тренерот Роналд Куман.


Во Лигата на шампионите тимот освои само три бода, а во Шпанија е далеку дури и од место кое води во Европа. По поразот во „Ел Класико“, Куман беше на работ на заминување, а во најновата изјава и најави можна разделба.

„Јас сум сериозен човек и знам како одат овие работи. Сакам да уживам во времето што ми преостанува, било да се тоа осум години, шест месеци, една година или неколку недели. Мислам дека е важно да победиме на претстојниот натпревар со Рајо Валјекано, бидејќи не можеме да си дозволиме да испуштаме бодови во Ла Лига“, изјави Холанѓанецот.

Барселона денеска од 19 часот ќе му гостува на Рајо Валјекано во 11. коло од Ла Лига. Тимот од Мадрид е на осмата позиција, со бод повеќе од каталонците.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови