Несудениот македонски репрезентативец Дејан Кулушевски, кој одлучи да го носи дресот на Шведска, постигна гол за Јувентус во триумфот (3-1) против Џенова. Капитенот на националниот тим Горан Пандев беше стартер во тимот на гостите, но „старата дама“ успеа да слави победа. Кулушевски го отвори резултатот во четвртата минута, а Алваро Мората зголеми на 2-0 во 22.минута.
Скамака донесе надеж за Џенова со погодокот во 49.минута, но Вестон Мекени во 70.минута ги разреши сите дилеми.
Наполи оствари победа на гости (0-2) против Сампдорија. Фабијан Руиз и Виктор Осимен беа стрелци за „наполитанците“, а Елиф Елмас имаше симболичен настап со оглед дека влезе во 90.минута.
Лацио во финишот дојде до победа (0-1) на гости кај Верона со голот на Сергеј Милинковиќ – Савиќ во 92.минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













