Connect with us

Крсте Велкоски уште две години во Сараево

Македонскиот репрезенгативец Крсте Велкоски и во наредните две години ќе остане на „Кошево“. Тој потпиша нов двегодишен договор со Сараево.

„Многу сум среќен што ја продолжувам соработката, ми беше задоволство да го носам дресот на Сараево шест години, овој клуб и овој град засекогаш ќе бидат мојот дом. Се радувам на освојување нови трофеи и ќе сториме сè за да ги задржиме насмевките кај навивачите “, изјави Крсте Велкоски.


Минатата сезона Велкоски одигра вкупно 34 натпревари во сите натпреварувања и постигна четири погодоци и седум асистенции. Тој одигра вкупно 209 натпревари во дресот на Сарево во два периоди и постигна 66 гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови