Connect with us

Крос се повлече од репрезентацијата на Германија

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, официјално се прости од германската репрезентација, три дена откако беше елиминиранa во осминафиналето на Европското првенство.


Претходно, се навестуваше дека играчот за врска на „кралскиот клуб“ може да стави крај на репрезентативната кариера на 31 година и со тоа да ја потенцира уште повеќе разочарувачката недела за германскиот фудбал.
Во писмото, Крос посочи дека сака максимално да се посвети на клупските обврски и на семејството, и стави крај на репрезентативната кариера по 106 натпревари за „панцирите“ и освојувањето на Светското првенство во Бразил 2014 година.


Поранешниот играч на Баерн дебитираше за репрезентацијата уште во 2010 година, а како што самиот посочи, помина незаборавни 11 години и им се заблагодари на сите кои и дадоа поддршка на Германија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови