
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос, го коментираше ждребот за осминафиналето од Лигата на шампионите. „Кралевите“ ќе играат против Пари Сен Жермен, а германскиот интернационалец вели дека неговиот тим го доби најтешкиот можен ривал.
„Ќе биде интересно е да се игра против ПСЖ, тие оваа сезона имаат големи амбиции во Лигата на шампионите. Мислам дека ова е најтешкиот можен противник, но поради таквите натпревари играме фудбал. Со нетрпение го очекуваме натпреварот. На теренот ќе има многу играчи од висока класа, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Тони Крос.
Првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу Пари Сен Жермен и Реал Мадрид е закажан за 15 февруари 2022 година во Париз. Реваншот ќе се одигра на 9 март во Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
