
Баерн Минхен влезе во мала резултатска криза. Загуби од Бохум во Бундес – лигата, а потоа и едвај се спаси од пораз против Салцбург во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Тоа секако го запали алармот на „Алијанц арена“.
Германските медиуми наведуваат дека перспективниот тренер Џулијан Нагелсман е незадоволен од ширината на ростерот, а во изминатиот зимски преоден рок побарал три засилувања кои не биле доведени во Минхен.
Се работи за играчот од средниот ред Денис Закарија, кој замина од Борусија Менхенгладбах во Јувентус, Жоао Кансело, десниот бек на Манчестер Сити и Борна Соса од Штутгарт, кој игра на позицијата лев бек.
Сепак, раководството на клубот не му ги исполни желбите на Нагелсман. Наводно тој и не е така сериозно изненаден од трансферната политика на клубот бидејќи поранешниот тренер Ханси Флик веќе го предупредил да очекува и некои „неочекувани работи“.
Но, сега сето тоа се одразува и на игрите на Баерн Минхен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
