
Македонскиот прволигаш Силекс официјално го претстави 26-годишниот крилен напаѓач Кристијан Велиновски како најново име во своите редови.
Велиновски пристигнува во Силекс од редовите на босанскиот тим ГОШК Габела, каде што настапуваше во изминатиот период. Со својата брзина и продорност по крилните позиции, тој се очекува да внесе свежина во офанзивната игра на тимот и да биде важно оружје за претстојната сезона.
Кратовци сериозно се подготвуваат за новите предизвици во Првата лига и настапот во квалификациите за Конференциската лига, а доведувањето на Велиновски е доказ за нивната амбиција да состават конкурентен и борбен тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски

Евро-фудбал
Галатасарај во офанзива за Ким Мин-Јае

Евро-фудбал
Олимпик Марсеј сака да го врати Нејмар во Европа
