
Милан ја започна сезоната во Серија А на најлош можен начин – со шокантен пораз на „Сан Сиро“ од повратникот во елитата, Кремонезе, кој славеше со 1-2.
Гостите храбро влегоа во натпреварот и преку Федерико Башчирото дојдоа до водство во 28. минута. „Росонерите“ брзо возвратија – Страхиња Павловиќ погоди и го врати резултатот во рамнотежа пред полувремето. Сепак, тимот на Масимилијано Алегри делуваше бледо и без идеи во завршницата, што му остави простор на Кремонезе да се брани организирано и да ја чека својата шанса.
Во второто полувреме, Лука Модриќ беше моторот на Милан, но освен неколку блесоци на Салемакерс и Еступињан, неговите соиграчи не успеаја да го следат неговото темпо. Тоа го искористи гостинската екипа – во 61. минута, Федерико Бонацоли со фантастичен гол со „полу-ножички“ донесе ново водство за Кремонезе.
Goal clamoroso di bonazzoli della Cremonese #Milan #MilanCremonese pic.twitter.com/i6F4tcoa5G
— Cristiano Cento (@DjCristiano100) August 23, 2025
Алегри се обиде да внесе свежина со Чуквуезе и Јашари, но Милан немаше доволно креативност за да дојде до израмнување. Кремонезе ја издржа завршницата и со голема победа ја започна својата кампања по враќањето во Серија А.
На „Олимпико“, пак, Рома имаше посреќен старт. „Волчицата“ со минимални 1-0 ја совлада Болоња, благодарение на погодокот на Бразилецот Весли Франка во 53. минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго
