Шкендија и Ендрит Красниќи се разделија. Македонскиот прволигаш останува без една од важните алки во средниот ред. Красниќи побара спогодбен раскин на договорот, оправдувајќи го со ставката – семејни причини. Неофицијално, тој се сели во косовскиот тим Сухарека, кој му нуди многу подобри услови.
„Шкендија информира дека е постигнат взаемен договор за разделба со играчот од средниот ред, Ендрит Красниќи, по негово барање за предвремено раскинување на договорот поради семејни причини.
Во овие моменти, ФК Шкендија покажа разбирање и чувствителност, секогаш ставајќи ја добросостојбата на играчот на прво место. Одлуката да му се понуди на Ендрит потребната поддршка и слободата да биде блиску до своето семејство е доказ за високите вредности, не само спортски, кои ги претставува нашиот клуб.
Му благодариме на Ендрит за неговата посветеност и придонес за време на неговиот престој во Шкендија. Красниќи беше важен дел од нашиот тим, и му посакуваме сè најдобро во иднина, надевајќи се дека нашите патишта повторно ќе се вкрстат во иднина.
ФК Шкендија останува посветена на целите за оваа сезона и ќе продолжи да работи за постигнување успех“, се вели во соопштението на клубот од Тетово.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












