Европскиот првак Реал Мадрид успеа да го победи Манчестер Сити со 2-3 на „Етихад“ со фантастичен финиш во последните минути. „Кралевите“ дадоа два гола и направија пресврт, откако стрелаа Брахим Дијаз во 86.минута и Џуд Белингам во 92.минута.
Ерлинг Халанд го отвори резултатот во 19.минута, а израмни Килијан Мбапе во 60.минута.
Во 80.минута Клемен Турпан досуди пенал за Сити по стартот на Себаљос над Фоден, а повторно Халанд беше стрелец. Сепак, на крајот Реал Мадрид со два гола направи пресврт и стигна до триумф.
Борусија Дортмунд беше надмоќна на гости против Спортинг Лисабон и славеше со 0-3. Серху Гираси, Паскал Грос и Карим Адејеми беа стрелци за „милионерите“.
Јувентус во Торино го победи ПСВ Ајндховен со 2-1. Вестон Мекени упати „бомба“ и донесе водство во 34.минута, а израмни Иван Перишиќ во 56.минута. Триумфот на Јуве го донесе Мбангула во 82. минута од мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













