Шпанскиот гигант Реал Мадрид се вклучува во трката за ѕвездата на Вест Хем, Деклан Рајс. 23-годишниот англиски репрезентативец игра одлична сезона за „чеканите“ во Премиер – лигата, а за него се борат Манчестер Јунајтед, Челси и Манчестер Сити. Сега во трката е и „кралскиот клуб“.
Реал Мадрид бара нов централен играч за врска, а Карло Анчелоти би сакал да го има Деклан Рајс на „Сантијаго Бернабеу“.
Вест Хем постави цена од 100 милиони фунти за својот најдобар фудбалер за да ги одбие налетите на гигантите од Премиер – лигата. Но, следното лето повторно ќе се разгори битката за неговиот потпис.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













