Реал Мадрид е последниот четвртфиналист во Лигата на шампионите откако по изведување пенали со 4-2 ја доби мадридската пресметка со Атлетико. Кралскиот клуб во следната фаза ќе се соочи со Арсенал. Драмата го достигна врвот при пеналите, каде што се случија неколку клучни моменти.
Хулијан Алварез при својата изведба на пеналот двапати ја допре топката откако се лизна и голот не беше признат, а потоа Јан Облак го одбрани ударот на Лукас Васкез.
Маркос Љоренте ја погоди гредата, додека Антонио Ридигер беше прецизен за да го осигура пласманот на Реал Мадрид.
Во регуларниот дел натпреварот заврши 1-0 за Атлетико, со голот што го постигна Конор Галахер само 28 секунди по почетокот. Винисиус Жуниор имаше можност да го израмни резултатот во 70-тата минута, но неговиот пенал заврши високо над голот на Облак.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













