Connect with us

„Кралевите“ нема да присуствуваат на церемонијата на ФИФА за наградите „The Best“

Реал Мадрид одлучи да не ја почитува денешната церемонија на ФИФА за наградите „The Best“ за најдобрите во 2022 година, открива „Марка“. Според изданието, Лионел Меси (најдобар играч), Лионел Скалони (најдобар тренер) и Емилијано Мартинез (најдобар голман) ќе бидат наградени во своите категории.


Во секоја од овие категории имаше претставник на „кралскиот клуб“ во топ, Карим Бензема, Карло Анчелоти и Тибо Куртоа. Сепак, сите тројца многу веројатно ќе останат без награда.

На гала вечерта во Париз, Реал го испраќа само директорот за институционални односи, Емилио Бутрагењо.

Во исто време, големиот ривал Барселона ќе има победник, Алексија Путењас како најдобра фудбалерка. Во нејзина чест, во француската престолнина лично ќе престојува претседателот на клубот, Жоан Лапорта.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови