Connect with us

„Кралевите“ на пенали му ја симнаа европската круна на Манчестер Сити (ВИДЕО)

Реал Мадрид е последниот полуфиналист во Лигата на шампионите каде ќе се сретне во уште еден спектакл против Баерн Минхен. „Кралскиот клуб“ на пенали (3-4) му ја симна круната на актуелниот европски шампион Манчестер Сити, можеби и единствениот начин на кој може да се елиминира тимот на Пеп Гвардиола.

Андриј Лунин беше херој на Реал Мадрид. Голманот на „кралевите“ бранеше одлично и во текот на играта, а одбрани два пенали во решавачките моменти, на Бернардо Силва и на Матео Ковачиќ.

Лука Модриќ не беше прецизен во тимот на Реал Мадрид уште во првата серија.

Во регуларниот тек, Реал Мадрид поведе со голот на Родриго во 12.минута, а Манчестер Сити иако премногу доминатен на теренот, успеа само да израмни преку Кевин де Бруин во 76.минута од мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови