
Реал Мадрид беше на прагот на елиминација, но се извлече, а потоа по продолженија успеа да обезбеди пласман во финалето на Купот откако одигра 4-4 против Реал Сосиедад на „Сатијаго Бербабеу“. Тоа беше доволно за пласман во финалето, со оглед на триумфот од 0-1 на првиот меч во Сан Себастијан.
Вистински ролеркостер беше дуелот во Мадрид.
Гол-шоуто започна во 16. минута кога Беренечеa се ослободи од одбраната на Реал Мадрид и прецизно го матираше Лунин. Одговорот на „кралевите“ стигна во 30. минута – Винисиус испрати совршена топка до Ендрик, кој израмни на 1-1.
Во второто полувреме, Реал Сосиедад повторно поведе благодарение на автоголот на Алаба во 72. минута. Кога Ојарзабал во 80. минута ја зголеми предноста на Баскијците, делуваше како тимот на Карло Анчелоти е пред елиминација од Купот.
Но, тогаш на сцена стапи Џуд Белингам, англискиот плејмејкер го врати Реал Мадрид во игра веќе во следниот напад. Следеше уште една драма – Чуамени ја искористи голманската грешка на Сосиедад и во 86. минута израмни на 3-3.
Сепак, Реал Сосиедад не се предаде. Во судиското надополнување, Ојарзабал повторно ја искористи лошата реакција на Лунин и донесе ново водство за домаќините.
Првото продолжение помина без поголеми возбудувања, а клучниот момент се случи во 115. минута. Арда Гулер одлично изведе корнер, а Рудигер со удат глава го совлада Ремиро и постави 4-4, носејќи го Реал Мадрид во големото финале.
Во второто полуфинале играат Атлетико Мадрид и Барселона, а по првиот меч резултатот е 4-4.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер
