Манчестер Сити летово ќе направи сериозна реконструкција на тимот, а сега стигнуваат и нови потврди за тоа.
Доверливиот новинар на „Скај Спортс“, Флоријан Плетенберг, денеска потврди дека на излезна врата се Кевин Де Бруин, Илкај Гундоган и Џек Грилиш.
Де Бруин и Гундоган влегуваат во последната година од своите договори, а засега нема индиции дека ќе потпишат нови, што значи дека би можеле да заминат како слободни агенти. Од друга страна, Грилиш има договор до 2027 година, но веќе подолго време е надвор од форма и изгледа дека Пеп Гвардиола во него веќе нема голема доверба.
Сè уште не е познато кои ќе бидат целите на Сити во летниот преоден рок, но јасно е дека Гвардиола ќе се насочи кон најквалитетните опции на пазарот.
Се шпекулира дека најмногу би сакал да го доведе Флоријан Вирц како замена за Де Бруин, а негов сон е и Педри од Барселона, иако овие трансфери изгледаат речиси невозможни.
Не треба да се заборави дека Родри се враќа по тешката повреда, што значи дека за наредната сезона ќе биде како „ново засилување“ за тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска













