
Фудбалската федерација на Косово не ја прифаќа одлуката на УЕФА да додели службен пораз на нивниот национален тим во натпреварот против Романија од Лигата на нациите. Средбата беше прекината во судиското продолжение, откако косовските фудбалери го напуштија теренот поради провокативни скандирања „Србија, Србија“ од трибините.
„За федерацијата и играчите на нашиот тим, оваа одлука потврдува дека постапивме правилно против расистичките и провокативните политички изјави насочени кон Косово. Оваа одлука целосно ги оправдува нашите дејствија и сме горди што фудбалерите на нашата репрезентација правилно ја процениле ситуацијата и го напуштија теренот како протест против дискриминаторското однесување на дел од навивачите. Косово постави нов стандард за заштита на достоинството и почитувањето во меѓународниот фудбал“, се вели во соопштението на косовската федерација.
УЕФА донесе одлука за службен резултат 3-0 за Романија во скандалозно прекинатата средба со Косово, додека Романската федерација беше казнета со затворање на стадионот за следниот домашен натпревар на нивниот тим поради расистичко и дискриминаторско однесување на навивачите.
Исто така, Романската федерација е казнета со глоба од 130.000 евра за расистичките акти, политичките пораки, фрлените предмети, пиротехниката и други инциденти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора
