Кристијан Ериксен се опоравува, а цела Европа му искажа поддршка и му посака да оздрави и што е можно побрзо да му се врати на фудбалот. Посебно емотивно беше на вечерашниот меч во Копенхаген меѓу Данска и Белгија.

Мечот сопре во десеттата минута во знак на почит и поддршка кон Ериксен кој ја носи „десетката“ во селекцијата на Данска. Тој колабираше на првиот натпревар од ЕВРО против Финска и за среќа се чувствува се подобро и подобро.

Ериксен се уште нема дозвола од лекарите да ја напушти болницата и да им се врати на професионалните фудбалски обврски. Ќе мора да мине сериозни тестирања пред повторно да добие дозвола да му се врати на фудбалот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













