
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, беше задоволен по победата со 0-2 над Сасуоло на стартот на сезоната во Серија А. Тој ги пофали своите играчи за прикажаниот дух на натпреварот, иако призна дека има уште многу работи што треба да се подобрат во играта на тимот.
„Секогаш има простор за подобрување. Имавме правилен пристап од самиот почеток и сè уште ги базирам моите избори на сигурноста што ја имавме од минатата сезона, по што постепено ќе се обидам да ги воведувам новите играчи. Сè уште се обидувам да ја најдам вистинската формула за да гарантирам дека тројцата играчи од средниот ред од минатата сезона можат хармонично да функционираат заедно со Кевин. Немавме многу време да работиме на тоа, но гледам некои интересни работи. Можеме малку повеќе да го забрзаме темпото и да бидеме подобро ориентирани во градењето на играта, затоа што во некои моменти прекинувавме ситуации кои можеа подобро да се развијат. Сепак, го видов вистинскиот дух“, изјави Конте.
Скот Мектоминеј повторно имаше клучна улога во победата, отварајќи го резултатот на натпреварот. Новото засилување, Кевин Де Бруин, исто така започна одлично и го постигна вториот гол.
„Станува збор за тоа како максимално да се искористат карактеристиките на играчите. Скот е борец кој знае да се приклучи од втората линија и да биде разорен, а покрај тоа има и одличен удар од далечина. Првиот гол беше ситуација што ја вежбавме – Политано, како и движењето на Лука, беа клучни за отворање на просторот. Де Бруин има различни квалитети од останатите играчи од средниот ред, тој сака да ја движи топката и ретко влегува во шеснаесетникот. Се обидуваме да гарантираме дека сите зони ќе бидат покриени“, дополни стратегот на Наполи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
