Поранешниот менаџер на Тотенхем, Антонио Конте, е подготвен да ја преземе Барселона, пренесува каталонскиот весник „Спорт“. 54-годишниот Италијанец ги понудил своите услуги на каталонскиот клуб, но сѐ уште не добил одговор.
Конте го напушти Тотенхем во март минатата година и оттогаш е невработен. Стратегот претходно беше тренер на Интер, Челси, ги предводеше италијанската репрезентација, Јувентус, Сиена, Аталанта, Бари и Арецо.
Актуелниот тренер на шпанскиот шампион Чави Хернандез на 27 јануари објави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement