Новиот тренер на Наполи, Антонио Конте, гледа кон својот поранешен тим Тотенхем во желба да го засили актуелниот состав на „наполитанците“, информираат италијанските медиуми. Објект на интерес е неговиот миленик, Дејан Кулушевски.
Италијанскиот тренер беше во основата на доведувањето на шведскиот крилен напаѓач во Лондон во периодот кога го водеше англискиот премиерлигаш, а потоа Кулушевски беше еден од најважните играчи во неговиот тим.
Ова сепак нема да биде лесна зделка, бидејќи во моментот поранешниот играч на Јувентус е проценет на околу 55 милиони евра. Тотенхем плати за него 30 милиони на „старата дама” летото 2023 година. Тој минатата сезона постигна осум гола и три асистенции во 39 натпревари во сите натпреварувања за Тотенхем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













