
Антонио Конте ја освои титулата со Интер и си замина од „Џузепе Меаца“. Остана принципиелен на своите барања да не се растура шампионскиот тим, а раководството не можеше да ја исполни таа негова желба затоа што со продажба на дел од најдобрите фудбалери мора да го пополни буџетот за следната сезона.
Конте би можел да се врати на Островот каде што претходно го водеше Челси, но овојпат да го преземе кормилото на Тотенхем. Тој е во напредни преговори со раководството на клубот и англиските медиуми најавуваат поволен епилог.
Во Интер нема да чекаат долго по заминувањето на Антонио Конте и за нов шеф на стручниот штаб ќе го назначат Симоне Инзаги. Тој треба да биде наследникот на Конте на клупата на „нероаѕурите“. Иако беше пред продолжување на соработката со Лацио, во последен момент се премисли и ќе ја прифати понудата на Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
