
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, не го криеше разочарувањето по ремито 2-2 против Џенова во меч од Серија А. Со овој резултат, „наполитанците“ ја загубија предноста во битката за Скудетото, дозволувајќи му на Интер да се доближи на само еден бод разлика. Иако незадоволен од исходот, Конте ги пофали своите фудбалери и истакна дека неговиот тим не заслужил да не победи.
„Џенова шутираше само двапати и двапати ја затресе мрежата. Тоа е дел од фудбалот. Секој примен гол значи дека нешто можело да се направи подобро во одбраната. Навистина е фрустрирачки, бидејќи создадовме многу шанси и според играта што ја прикажавме, требаше да победиме. Останува чувство на празнина и разочараност“, изјави Конте.
Тој додаде дека секогаш чувствува лутина кога неговиот тим не победува, дури и на стартот на сезоната, а уште повеќе сега, кога до крајот остануваат само три натпревари.
„Такви моменти се дел од фудбалот. Билинг го внесовме за да бидеме поцврсти при воздушните дуели, но токму тогаш примивме гол. Не можам да им замерам ништо на играчите – упативме 22 удари, 11 од нив во рамките на голот, имавме поголем посед на топката и бевме доминантни. Но, натпреварот заврши без победник. Очигледно е дека мора да бидеме поефикасни во вакви ситуации“, додаде стратегот на Наполи.
Во завршницата, Конте потенцира дека Наполи не заслужи да ги изгуби овие две клучни поени и дека сега борбата за титулата станува уште потешка.
„Со ова реми, ја изгубивме предноста што ја имавме. Нам ни беа потребни седум бодови од последните три кола за да ја осигураме титулата, а сега ни требаат шест бодови од само два меча. Сепак, сè уште веруваме и ќе дадеме сè од себе – ако успееме, тоа ќе биде нешто навистина големо“, заврши Конте.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Барди и официјално се раздели со Бодрумспор

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го доведе Оли Воткинс

Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по Луис Дијаз од Ливерпул

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан
