
Поранешниот италијански тренер и до неодамна тренер на Интер, Антонио Конте, верува дека Италијанците можат да одат до крај и да го освојат Европското првенство, а во најтесната трка ги вклучи и Франција, Германија и Белгија како кандидати за титулата.
„Не мислам дека некој од аутсајдерите би можел да го освои ЕВРО. Кандидати за титула се Франција и Германија, кои имаат силен играчки кадар и искуство. Тука е и Белгија, но под услов Кевин де Бруин и Аксел Витсел да се во најдобра форма и секако, тука е Италија“, изјави Антонио Конте за италијанските медиуми.
Конте вели дека е видлива одличната атмосфера во селекцијата на Италија, а тоа може да донесе резултат.
„Во досегашните игри, Италија покажа континуитет и самодоверба. Нема љубомора во тимот бидејќи едниот игра, а другиот седи на клупата. Може да се види заедништво и тоа е многу важно ако сакате да стигнете далеку на големо натпреварување. Исто така, тимот игра компактно, постои рамнотежа меѓу одбраната и нападот. Италија сигурно може да оди до крајот“, потенцираше стратегот кој беше италијански селектор од август 2014 до јули 2016 година.
Тој го напушти кормилото на националниот тим откако Италија беше поразена од Германија во четвртфиналето на ЕВРО 2016 по изведувањето на пенали.
Конте ја напушти клупата на Интер по освојувањето на титулата, бидејќи се спротивстави на продажбата на фудбалерите по освојувањето на „скудетото“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Тиквеш се засили со Турчинот Толга Јакут

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?

Евро-фудбал
Мурињо го сака Чалханоглу во Фенербахче

Евро-фудбал
Болоња го врати Бернардески во Серија А

Евро-фудбал
Реал Мадрид го продолжи договорот со Тибо Куртоа

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ
