
Тренерот на Интер, Антонио Конте, добил поддршка од раководството на клубот дека шампионскиот тим нема да биде распродаден во летниот преоден рок. Интер се соочува со финансиски дефицит, како и сите големи европски клубови, поради глобалната криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, но кинеските сопственици му ветиле на Конте дека клубот ќе ги задржи сите фудбалери на кои тој смета за настапот во Лигата на шампионите следната сезона.
Ова најверојатно значи дека Антонио Конте ќе остане на „Џузепе Меаца“ и следната сезона и дека ќе се обиде со Интер да ја одбрани шампионската титула. Во план се и неколку засилувања на одредени позиции, но летниот трансфер прозорец ќе биде одработен стратешки, откако ќе биде познато и кои фудбалери ќе си заминат од новиот италијански првак.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас
