
Серџо Консеисао, тренерот на Милан, ја призна слабата игра на неговиот тим во второто полувреме од финалето на Купот на Италија, во кое загубија од Болоња со 0-1. Иако покажа незадоволство од одредени судиски одлуки, како ситуацијата пред крајот на првото полувреме кога судијата Маурицио Маријани не му покажа втор жолт картон на Луис Фергусон по судирот со Кристијан Пулишиќ, Консеисао изјави дека не сака да бара алиби.
„Првото полувреме беше изедначено, имавме неколку шанси за водство, а тоа е клучно во вакви натпревари. Признавам, можевме да направиме повеќе во второто полувреме“, изјави Консеисао. „Болоња имаше среќа при голот, но не сакам да го потценам противникот, одиграа одлично и заслужено го освоија трофејот.“
Овој пораз е тежок удар за Милан, кој неодамна ја совлада истата екипа со 3-1 во Серија А. Со поразот во финалето, „росонерите“ ризикуваат да останат без место во европските натпреварувања следната сезона.
„Имаме уште еден важен натпревар против Рома во недела. Жал ми е за навивачите, беа ентузијастички расположени, а сега се разочарани. Ова беа рамноправни средби, а тие се решаваат со детали – тие погодија, ние не“, додаде Консеисао.
Милан со овој пораз го продолжи негативниот рекорд – има пет победи и девет порази во 14 финалиња од Купот на Италија.
„Во вакви моменти ти се вртат илјадници мисли низ глава. Ги донесов одлуките кои ми изгледаа исправни пред натпреварот, и повторно би ги направил. Подоцна е лесно да се каже што не функционирало. Сакавме да го користиме голманот како последен дефанзивец, но бевме принудени да играме брзо и со долги топки. Сепак, првите 25 минути не беа лоши“, објасни тој.
Овој неуспех исто така значи и пропуштена шанса за Консеисао да освои два пехари сезонава, откако во јануари го освои Суперкупот на Италија.
„Морам да ја пофалам Болоња – играа добро, а нам ни недостасуваше нешто. Финалето беше напорен и неизвесен меч, што во суштина го одразува целиот наш тежок сезонски пат“, заврши Консеисао.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција
