
Серџо Консеисао ја презеде функцијата тренер на Милан кон крајот на декември 2024 година, заменувајќи го Пауло Фонсека. Неговиот договор е со важност до јуни 2026 година.
По силниот почеток под водство на португалскиот стручњак, „росонерите“ доживеаја значителен пад во формата. Минатата недела донесе големо разочарување за навивачите со елиминацијата од Феенорд во Лигата на шампионите, проследено со пораз од Торино во Серија А.
Во моментов, Милан се наоѓа на седмото место на табелата, со осум бодови заостанување од позициите кои водат во Лигата на шампионите и 16 бодови зад големиот ривал Интер. Сепак, тимот продолжува во Купот на Италија, каде што веќе обезбеди место во полуфиналето и го чека победникот од дуелот Интер – Лацио.
Според „Кориере Дела Сера“, во договорот на Консеисао постои специјална клаузула која му овозможува на клубот да го ослободи без компензација доколку Милан не се квалификува за Лигата на шампионите. Ова е главната цел пред „росонерите“, и во случај да не се исполни, Португалецот ќе биде принуден да замине. Дури и освојувањето на Купот на Италија не би било доволно за да го задржи на позицијата.
Договорот на Серџо Консеисао е до летото 2026 година. Во моментов, тој заработува 1 милион евра годишно, но доколку остане на чело на италијанскиот гигант, следната сезона неговата плата ќе се удвои.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Баерн ги растури аматерите од Оукленд

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс

Интернационалци
Аријан Адеми пред потпис со Ујпешт

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен
