
Македонскиот фудбал мина низ уште еден во голема мера сосема вообичаен трансфер период кој го одбележаа враќањето на домашната сцена на поранешни истакнати домашни прволигашки имиња и репрезентативци како Агим Ибраими, Горан Силјановски, Дејан Блажевски, Душан Савиќ, Андреа Ефремов, Даниел Аврамовски…. Но, и кам-бекот во „своите“ клубови на Баже Илијоски во Работнички, и еден од најдобрите странци кои играле во најсилната македонска лига во историјата, Бразилецот Хуан Фелипе кој повторно е во Вардар.
Во секој случај, кога низ неколку црти би се сумирал зимскиот преоден рок 2018/2019 пред утрешното продолжение на Првата лига, тогаш дефинитивно во фокусот се Агим Ибраими, Хуан Фелипе и Баже Илијоски.
Факт е дека Шкендија одржува високо квалитетен тим во трката за шампионската титула, а Вардар со ангажманот на Фелипе, поранешниот младински репрезентативец Даниел Аврамовски како и бразилскиот левокрилен дефанзивец Реис Жуниор Родригес од Македонија ЃП…, ќе се обиде да го „неутрализира“ барем малку заминувањето на голем број досегашни стандардни првотимци како Барсегјан, Максимов, Исени, Јуфо…, но и младите Антовски, Бериша, Тодоровски, Талески, Петрушевски.
Во зимскиот преоден рок најмногу пазаруваше Работнички кои со ангажманот на дури десет нови имиња дефинитивно ја потврдува силната определба за европски излез. „Романтичарите“, се чини, го имаат најдобриот преоден рок во последните 4-5 години. Академија Пандев го задржа костурот од минатата година сега дополнет со офанзивците Велинов и Стојкоски, сосема јасно со силна желба за обезбедување европската сцена следната сезона.
Како и да е, МАКФУДБАЛ ви ја пренесува комплетната листа од зимскиот трансфер период 2018/2019 во Првата македонска фудбалска лига.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Саудиска Арабија ќе сфати дека фудбал не се прави само со пари
Саудиска Арабија е богата со пари и амбиции. Престолонаследникот Мохамед бин Салман вели дека...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Селтик ќе го урне клупскиот рекорд за да го купи Миовски?

Евро-фудбал
Артета доби суспензија поради радоста со Лутон

Интернационалци
Селтик ќе го урне клупскиот рекорд за да го купи Миовски?

Евро-фудбал
Артета доби суспензија поради радоста со Лутон

Евро-фудбал
Рома со пресврт до триумф против Сасуоло (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тотенхем остана непоразен на „Итихад“ (ВИДЕО)
