Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, изјави дека е задоволен од настапот на тимот во натпреварот против Вердер Бремен, кој баварците го добија со 3-0. Во последно време, Баерн беше критикуван за одредени грешки во одбраната, но тоа, како и последовните критики, не го загрижуваат белгискиот стратег.
„Во Баерн стандардите се многу високи и ако нешто не биде перфектно еднаш или двапати, веднаш следат критики. Сепак, ние сè уште ја имаме најдобрата одбрана во Бундес-лигата, тоа е факт. Има работи што можеме да ги подобриме, но важно е да не паничиме, туку во секоја ситуација да го бараме вистинското решение“, истакна тренерот на баварците.
„Против Селтик во Лигата на шампионите ќе биде специјална вечер. Многу се зборуваше дека овие два натпревари ќе ни ја отежнат програмата, но сега сите со нетрпение ги очекуваме. Добрата вест е што некои од повредените играчи ќе се вратат. Мислам на Гнабри, Ито и веројатно Алфонсо Дејвис“, додаде Компани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар направи клучен чекор кон титулата, откако Шкендија се сопна и во Кратово. Брера...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Вардар со една рака веќе го држи шампионскиот трофеј откако во 30.коло го победи...
Автор makfudbal













