
Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, беше разочаран по тешкиот пораз од 0-3 на гостувањето кај Феенорд во Лигата на шампионите. Тој сепак ја призна супериорноста на холандскиот тим и им честиташе за успехот.
„Ако треба да бидам искрен, Феенорд заслужено победи. Тие се бореа силно и трчаа многу. И ние имавме доста шанси и мислам дека можевме да постигнеме еден, два, па дури и повеќе голови. Но, и на индивидуално и на колективно ниво не направивме доволно. Најдобрата работа е што за неколку дена имаме нов натпревар и можеме да покажеме реакција“, изјави Компани.
„Не бев изненаден од Феенорд. Навикнати сме да играме против вакви тимови. Често успеваме да најдеме решение и имаме добри моменти. Но овојпат, тоа не се случи. Ние трчавме, се боревме и го дадовме најдоброто од себе, но тоа едноставно не беше доволно. Феенорд ги искористи своите шанси подобро“, додаде Белгиецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
