Баерн Минхен прими израмнувачки гол длабоко во судиското продолжение при ремито 3-3 против Ајнтрахт Франкфурт во Бундес-лигата, но тренерот Венсан Компани изјави дека е задоволен од изданието на неговиот тим.
Баварците не успеаја да победат ниту на еден од последните три натпревари во сите натпреварувања по ремито минатата недела дома против Баер Леверкузен и поразот во Лигата на шампионите на средината на неделата од Астон Вила.
„Тоа беше тежок натпревар против екипа која беше второпласирана во Бундес-лигата пред оваа средба“, изјави Компани по натпреварот во Франкфурт.
„Кога гледам како тимот работи и се бори, ова е позитивно издание. Сите сме оценети според резултатите, но мојата работа е да видам како се претставуваме против некои од најдобрите екипи во Германија и да продолжиме да се подобруваме. Ако продолжиме вака, ќе имаме многу победи“, додаде тој.
Сите три гола на Ајнтрахт беа постигнати при брзи контранапади, каде што одбраната на Баерн беше фатена неподготвена.
„Начинот на кој пристапивме кон натпреварот? Не можам да кажам дека не сум горд на тимот. Знам дека сите ќе зборуваат за трите гола што ги примивме. Секогаш мора да се подобруваме чекор по чекор. Има работи кои не се совршени, но морам да се фокусирам на работите што ги направивме добро“, изјави тренерот.
Баварците сега имаат 14 бода и водат на табелата според гол-разликата пред Лајпциг, кој победи со 0-1 во Хајденхајм. Ајнтрахт Франкфурт е на третото место со 13 бода.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski