Навивачката група Комити продолжува да се бори за вистината и се обидува да ги расчисти „матните работи“ во најтрофејниот македонски клуб Вардар. Во најновото соопштение до јавноста, Комити прашуваат за каква цел е изграден тренинг кампот на Вардар, најавен така бомбастично, а на крајот излезе дека е приватна сопственост.
Во соопштението на Комити се вели…
Изграден за потребите на ФК Вардар пред само неколку години…
Целосно брендиран со логото на ФК Вардар, како надворешно, така и внатрешно…
Сите побрзаа да се сликаат пред “ултра модерниот објект на ФК Вардар” за време на неговата инаугурација, и побрзаа да дадат изјави како на Вардар му ја обезбедуваат иднината, и се обезбедуваат услови и инфраструктура за развој на Европски Вардар.
Но шоуто за јавноста заврши, и наеднаш ставен е катанец, и верувале или не на Вардар му се забранува да тренира на местото кое е изградено токму за потребите на Вардар.
Се прашуваме, зошто никој од тие кои тогаш сакаа да бидат пред објективите, кога објектот свечено се отвараше, сега го нема да даде отчет пред навивачите и јавноста. Да објасни за кого тоа овој објект е изграден, дали за потребите на Фудбалскиот Клуб Вардар, или за лични и приватни цели?
Кој тоа треба 35 години да го користи објектот пред истиот да се врати во владение и сопственост на Општина Гази Баба?
Ќе биде ли многу доколку побараме одговор од поранешниот, но и од актуелниот градоначалник на Гази Баба –
Дали Тренинг Кампот е изграден за потребите на ФК Вардар или за лични потреби на инвеститорот?
Дали договорот за Јавно / Приватно партнерство помеѓу инвеститорот и Општината, е документ кој е достапен за јавноста или содржината е тајна? Дали Црвено – Црната Армија навивачи и јавноста имаат право да знаат што е договорено “во име на народот”? И дали договорот воопшто е во име и во интерес на народот?
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













