Навивачката група Комити со ново соопштение ја испрати истата порака – дека очекува ФФМ да ја додели титулата на Вардар врз основа на резултатите и огромната предност што „црвено-црните“ ја имаат во однос на Силекс и Шкендија во трката за титулата.
„Ваква страст, хемија и взаемно почитување помеѓу сите делови од семејството Вардар, немало одамна.
Затоа резултатот е тој што е, Ние сме Прваци на Македонија со 11 бодови предност пред ривалот за титулата !
Прашањето кое виси и кое ни создава тензија е дали тоа што е очигледно според многумина чие мислење е релевантно, го препознаваат и во ФФМ?
Едно е сигурно, секоја друга одлика освен Признание и доделување на титулата, која е заслужена на теренот и чиста, ќе значи необјективност, навлегување во други моменти кои немаат допирна точка со спортот, и дирекна провокација кон цело Црвено-Црно семејство !
Веруваме во објективноста, и дека ќе преовлада се она што го прави спортот привлечен и волшебен. Но истовремено, да се разбереме, Расизам и шовинизам нема да толерираме !
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal