Connect with us

Комити: Спиете ли мирно Сергеј Самсоненко и Петре Шилегов?

Вардар доживеа дебакл (6-0) во Кратово од Силекс, а навивачката група Комити почна со прозивка на „виновниците“. Најверните фанови на клубот сметаат дека се уште актуелниот спонзор Сергеј Самсоненко, кој е мнозински сопственик на акциите, и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов се најголемите виновници за сегашната мизерна ситуација на најтрофејниот македонски клуб. Го потенцираа тоа на социјалните мрежи.

Да се биде присутен и да се гледа Вардар во Кратово денес е казна Божја.

За да се долови Мизеријата, доволно е да се напомене дека при резултат од 6:0 најдобар поединец беше голманот Илиќ, и само уште еден достоен да го носи дресот на Вардар беше ветеранот Шиле. За другите што да се каже – статисти, манекени и повеќе играчи и асистенти на противничкиот тим отколку на Вардар.

Одбрана швајцарско сирење !

Средина непостоечка !

Напад јалов !

Вакво газење на честа на клубот е незапаметено и крајно недозволиво, и време е за радикални промени но и да се сносат последиците.

Нема повеќе никакво алиби !

Време е да почнеме со име и презиме да ги прозиваме душманите на клубот.

Време е за одговорност !

Спиете ли мирно Сергеј Самсоненко и Петре Шилегов? 😡

Да се биде присутен и да се гледа Вардар во Кратово денес е казна Божја. За да се долови Мизеријата, доволно е да се…

Posted by Komiti Skopje on Sunday, April 11, 2021

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови