Навивачката група Комити очигледно е единствената која реагира и се грижи за тековната хаотична состојба во која се наоѓа ФК Вардар. Смешно или трагично, се уште актелното раководство на Вардар предводено од спонзорот Сергеј Самсоненко не им дозволува на фудбалерите да тренираат во базата.
Комити со нова реакција…
„Раководството на фудбалскиот клуб Вардар не им дозволува на фудбалерите на фудбалскиот клуб Вардар да тренираат на тренинг кампот на фудбалскиот клуб Вардар !
Ова не е наслов на филм со жанр – пародија ниту пак е рана првоаприлска шега, ова е за жал реалноста со која се соочуваме сите ние кои се идентификуваме со фудбалскиот клуб Вардар.
Фудбалскиот клуб Вардар е детенце кое е исфрлено од својот дом на улица, исфрлен е од своите родители кои се откажале од него преку весник. Исфрлено е на суров начин, и родителите не сакаат да чујат за него, дали има каде да преспие, дали е добро, дали е гладно, жедно, дали е добро, дали ќе фати некоја болест…
А што е вината на тоа дете кое е толку слатко, што едноставно ги радува срцата на сите други освен оние на своите родители?
Другиот родител е Градот Скопје, кој смета дека не треба да се грижи за своето чедо поради тоа што другиот родител, а не самиот тој го исфрлил своето дете надвор, па поради тоа и нема обврска да го згрижи своето мало детенце, кое плаче затоа што е неухрането, жедно и ненаспано.
Ќе има ли некој доволно доблест и храброст да им го одземе на негрижливите и неодговорни родители ова мило детенце?
Постои ли некоја институција која ќе знае да отвори очи да го констатира сево ова, па да се охрабри да им го одземе правото на родителство на двете страни, за да назначи нов старател?
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













