Навивачката група Комити и понатаму е единствената што ги иницира работите да се помрднат од мртва точка околу судбината на најтрофејниот македонски клуб Вардар. Тие порачуваат да не се турка ФК Вардар свесно кон амбис.
Во ФК Вардар ништо ново.
Што и да направиме добро, колку и да сме искрени и да ја покажуваме нашата љубов кон клубот, нештата не мрдаат од мртва точка.
Дали се работи за суети, дали има некое сценарио или пак ќе се случи нешто позитивно, едноставно нема кој да одговори од ниедна страна. Како сите да дигнале раце од Вардар, и како Вардар да им е нешто крајно небитно во нивните животи. Едноставно се нема слух ниту чувство да се погоди моментумот, кога сите се желни да слушнат некоја убава вест која ќе им даде надеж и охрабрување, и позитивна енергија која ќе значи национално помирување и обединување…
Сите се во некои свои ровови и бијат битки за зачувување на својата или напад на друга позиција. Солидарноста е Нула ! Она што може да го обедини народот не е на агендата. Како да не може да се биде коректен, или кооперативен, како да тоа ќе покаже слабост, како да ќе падне чинот…
Зошто да не може да се случи директна средба каде ќе има претставници на Самсоненко, па и тој лично, Град Скопје, па и ние навивачите, доколку се смета дека ќе придонесеме.
Зошто да не може заедно Власта и Опозицијата и цел Македонски блок да донесат заедничка одлука во името на народот !
Зошто да не може сите да бидат победници ?
Како не можете да бидете транспарентни, дури и кога очите на многумина се вперени кон вас и решението за Вардар !
Ако не го сакате Вардар, истапете и кажете, но немојте да бегате, и немојте да го туркате клубот свесно кон амбисот. Тоа е кратковидно…Како и да е Вардар ќе живее. Дали во прва, втора лига, било кога, било каде, пак ќе бидеме тука. Ќе бидеме уште повеќе тука, за да запомниме кој каде беше и што направи или не направи кога на Вардар му бевме потребни !
Амблемот секогаш ќе има златен сјај, и ќе продолжи да биде симбол на Скопје и гордост на Македонија !
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski