Англискиот репрезентативец Кол Палмер потпиша нов договор со Челси, објавија медиумите на Островот. Играчот од средниот ред имаше одлична сезона со лондонскиот клуб и награден е со договор со подобрени услови, кој веќе е потпишан.
Челси го привлече Палмер од Манчестер Сити минатото лето со трансфер вреден 47 милиони евра, и тој веднаш стана клучна фигура на „Стемфорд бриџ“. Тој одигра 45 натпревари, на кои постигна 25 голови и асистираше 15 пати, што му донесе место во репрезентацијата на Англија за Европското првенство.
При трансферот од Сити, Палмер потпиша договор до летото 2030 година, но според новиот договор, тој треба да остане во Челси до крајот на сезоната 2032/33.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва
Евро-фудбал
Модриќ: Милан мора да победува ривали како Пиза













