Ребрендирањето на Академија Пандев Брера, како што најави вчера Горан Пандев, ќе биде проследено и за именување на италијански тренери на клупата на сениорскиот тим. За шеф на стручниот штаб треба да биде поставен Џовани Валенти, 47-годишен стратег кој работел во младинските академии на Јувентус и на Парма, а бил и асистент во селекцијата на Италија до 20 години.
Тој треба да го преземе сениорскиот тим на Академија Пандев Брера. Но, тоа ќе му биде прв таков предизвик во кариерата. Џовани Валенти за првпат во кариерата ќе предводи тим во сениорска конкуренција, што секако е сосема поинаков предизвик од работа во младинска фудбалска школа.
Со Валенти ќе работат и Микеле Кавали и Алесандро Пегорари, а како што најави Горан Пандев, кој ќе остане претседател и на новиот проект, акцент ќе стави на работата со млади фудбалери. Тој најави дека плодовите од работата ќе треба да се видат по две години.
Џовани Валенти и неговите соработници ќе бидат првите италијански стручњаци кои ќе работат во Првата фудбалска лига од осамостојувањето на Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас













